255
Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Фејсбук профил соопшти дека на маргините на Минхенската безбедносна конференција, се сретнал со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
„Срдечна средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен за време на обраќањето на Потпретседателката на САД Камала Харис. Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО.
Државниот секретар Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ. САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците“, напиша Ковачевски на својот Фејсбук профил.