185
Во пресрет на големиот христијански празник, Драган Ковачки најави дека Кочани се подготвува за значајни промени. Тој во рамките на својата посета, претстави амбициозни планови за развој на инфраструктурата кои, како што рече, ќе го трансформираат регионот.
„За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани – Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом“, изјави Ковачки.
.