68
„На 20.03.2025 во 23.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Т.(54) од Кавадарци, со живеалиште во Гостивар. Тој се сомничи дека во периодот од 12.00 до 13.00 часот во помошна просторија од куќа на Р.Н.(71) од Гостивар извршил кражба, при што одзел околу 7.000 евра во разни апоени. Кај него биле пронајдени и одземени дел од парите.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.