(ВИДЕО) Крадецот бега со Порше, вооружен грабеж во Атина

од Milan1
94 прегледи

На интернет се објавени видеа на кои се гледа како маж краде накит во Атина од продавач под закана со пиштол. Тој побегнал од местото на настанот со скапо „Порше“.

Најпрвин се преправал дека е муштерија, а потоа извадил оружје, го земал накитот и други вредни предмети, пренесува „ProtoThema“.

Полицијата се сомнева дека тој извршил најмалку две разбојништва пред да биде уапсен во населбата Палини, која е составен дел на Атина. Надлежните велат дека осомничениот се обидел да се скрие во отворот на лифтот во станбената зграда во која живеел, но бил забележан.

Слични содржини