На крајот, очекувано, ВАР останува во англиската Премиер лига и следната сезона. Предлогот за негово евентуално отстранување беше изгласан на годишниот состанок на елитните тимови. Сепак, не собра доволно поддршка.
Вулверхемптон го даде предлогот за укинување на ВАР, но ниту еден од останатите 19 клубови во првата лига на Англија не го поддржа. Барањето на Волците може да биде прифатено само доколку биде поддржано од минимум 14 од 20-те елитни клубови. Сепак, беше јасно дека нема шанси тоа да се случи.
Инаку, претставниците на клубовите беа децидни дека треба да се направат подобрувања на системот за видео арбитража поради големиот број неточности во изминатата кампања.