Кралот Чарлс се враќа на јавните должности – прво појавување на клиника за онкологија

од Симе Стоиков
287 прегледи

Бакингемската палата објави дека кралот Чарлс наскоро ќе се врати на јавните должности, по отсуството поради примање терапија и лекување од рак, кој неодамна му беше дијагностициран.

Кралот Чарлс и кралицата Камила следниот вторник заедно ќе посетат центар за лекување на рак, каде ќе се сретнат со пациенти и лекари.

„Оваа посета ќе биде прва во низата обврски што ќе ги има кралот во наредниот период“, соопшти Бакингемската палата.

Веќе во јуни, кралската двојка ќе биде домаќин на јапонскиот цар и царицата, кои доаѓаат во државна посета на покана на Владата на Обединетото Кралство.

На кралот Чарлс му беше дијагностициран рак на почетокот на февруари, по операција на неговата простата. Бакингемската палата не го објави типот на рак или други детали. Кралот потоа се повлече од јавната функција за да се посвети на лекување.

Слични содржини