17
Трагедија во Бугојно (БиХ) – во вечерните часови 54 годишна жена почина откако беше прободена од крава, објавија босанските медиуми. Неофицијално, жената се обидела да ја измолзи кравата како и секој ден, но животното ја прободелo и таа починала.
Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи на Централнобосанскиот кантон.
„Во 18 часот и 20 минути во Полициско одделение Бугојно е добиена информација дека починало женско лице, идентификувана како М.Л., родена 1970 година. Полициски службеници излегле на лице место и ги потврдиле наводите од пријавата и во соработка со кантоналното обвинителство на СБК презеле мерки и дејствија во нивна надлежност“, потврдија од босанското МУП.