Кремљ му одговори на Макрон: Веќе се борите во Украина

од Симе Стоиков
427 прегледи

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вели дека изјавите на францускиот претседател покажуваат дека не му пречи да го зголеми нивото на вклученост во војната.

Тој денес рече дека Франција веќе индиректно се бори против Русија во Украина.

Песков на прес-конференција во Москва рече дека на Париз не му пречи да го зголеми нивото на учество во војната во Украина.

„Очигледно е дека Франција ја смета Русија за противник, бидејќи Франција веќе е вклучена во војната во Украина. Всушност, таа индиректно учествува во оваа војна, а судејќи според изјавите на господинот претседател (Емануел Макрон), тој нема ништо против зголемување на степенот на вклученост“, рече Песков.

За потсетување во интервју за француските ТВ канали во четвртокот, Макрон рече дека поразот на Украина во конфликтот нема да донесе мир и дека Париз ќе биде подготвен да ги преземе неопходните мерки за да ја спречи победата на Русија, чија влада ја смета за противник. Тој претходно одби да ја исклучи можноста за распоредување на западни копнени трупи во Украина.

Слични содржини