520
Кремљ денеска објави дека нема причина ниту една земја, вклучително и САД, да бидат загрижени поради присуството на руски воени бродови на Куба за време на вежбите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека ваквите вежби се вообичаена практика и дека не треба да има страв дека Русија би можела да префрли воен персонал на Куба или дури да создаде воена база на островот, пренесува Ројтерс.
„Тоа е нормална практика за сите држави, вклучително и голема поморска сила како Русија. Така, во овој случај не гледаме причина за загриженост“, рече Песков.