Криминалец исфрлен од фудбалот сега ужива со 50 години помлада девојка (ФОТО)

од Milan1
372 прегледи

Поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Марко Поло Дел Неро (81) е доживотен суспендиран од фудбалот поради земање мито.

Тој е обвинет за земање милиони долари мито, а ФИФА му забрани да се занимава со какви било фудбалски активности поради бројни други проневери.

Исто така, поради истите малверзации, САД бараат од Бразил да го екстрадира, за таму да му се суди за бројни криминални дела, но засега нема ништо од тоа.

Дел Неро ужива во слободниот живот во Бразил, а покрај себе има вистинска „секс бомба“ која е постојано со него.

Манекенката и актерка Клара Бразил е на удар на критичарите бидејќи е во врска со старец, па за тамошните медиуми ги допре деталите поврзани со таа приказна.

„Добив и сè уште добивам многу критики, но зафатена сум со други работи, така што немам време да се грижам што мислат другите за мене и мојот живот. Јас сум супер почитувана, сакана и многу среќна, се грижам за другите“, изјави Клара.

Марко Поло дел Неро по професија е правник, а бил и во Извршниот одбор ФИФА. Тој беше прогласен за виновен за мито и корупција во 2018 година додека сè уште беше член на Светската фудбалска федерација.

Неговото богатство се проценува на пет милиони евра.

Слични содржини