Криминалци создале „темна мрежа“, Европол уапси 150 лица

од Milan1
343 прегледи

Во меѓународна полициска операција во Австралија, Бугарија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД”, уапсени се 150 осомничени лица за купување или продажба на нелегална стока преку Интернет, соопшти Европол, цитиран од француските медиуми.

„Оваа операција, позната какo „темната мрежа” (Dark HunTOR), се состои од низа одвоени, но меѓусебно поврзани акции, при што запленети се повеќе од 26,7 милиони долари во готовина, како и повеќе од 230 килограми дрога и 45 парчиња оружје.

Терминот „темна мрежа” опишува делови од светската мрежа во која се крие идентитетот и локацијата на корисниците, а тие самите комуницираат преку шифрирани пораки. Таа е опишана како „Дивиот Запад на Интернетот” бидејќи ја користат криминалци, екстремисти, хакерски групи и други.

Слични содржини