Според податоците објавени од Elliptic, кој ги следи движењата на криптовалутите за финансиските компании и владините агенции, донациите од криптовалути се зголемиле за украинските волонтерски и хакерски групи на повеќе од 480.000 евра само минатата година. Групите за собирање средства за донации доставуваат воена опрема на владините сили.
Организирањето на собирање донации во криптовалути е анонимно, групите исто така собираат донации од земји каде финансиските агенции не дозволуваат такви трансакции или наметнуваат строги проверки на трансферот на средства. Исто така, преовладува тоа што во 2020 година Украина ги заостри проверките на трансакциите со криптовалути за да спречи перење пари.
Elliptic наведува дека една група, Come Back Alive со седиште во Киев, почнала да собира средства во криптовалути во 2018 година и само во втората половина на 2021 година добила криптовалути во вредност од речиси 174.000 евра. Come Back Alive наведува дека ја снабдува украинската армија со материјали и медицинска опрема, вклучувајќи беспилотни летала, оптички нишани за снајперски пушки и мобилни системи за надзор.
На нивната веб-страница за донации е наведена адресата на дигиталниот паричник со биткоини и детали за неговата банкарска сметка, а имаат и веб-страница за групно финансирање со кодот за меѓубанкарски плаќања SWIFT. Средствата најмногу се собираат во традиционални валути. Од 2014 година се собрани 6,2 милиони евра. Come Back Alive потврди за Ројтерс дека од август собрала 14 трансакции со криптовалути во вредност од 145.000 евра наменети за идни проекти.
Друга група, Ukrainian Cyber Alliance, собрала речиси 87.000 евра во криптовалути во текот на изминатата година, според Elliptic. Facebook страницата на групата ја опишува како „заедница на украински хактивисти од различни украински градови и делови од светот“ и ја наведува адресата на дигиталниот паричник за биткоин.
Украинската група Myrotvorets Center, која објавува лични податоци на луѓе кои ги сметаат за проруски (doxxing) на својата веб-страница, испраќа разузнавачки информации до украинската полиција и разузнавачките служби и има адреса за донирање биткоини и канали за донирање традиционални валути. Досега собрале најмалку 233.000 евра преку повеќе од 100 донации на биткоини, според Elliptic.
Дури и белоруската групација која дејствуваше во интерес на Украина, Cyber-Partisans, собра 3,5 биткоини што е пазарна вредност од 135,000 евра. Бидејќи работи во проруска Белорусија, групата не прима донации во традиционални валути поради тешкотиите со испораката во Украина. Нивните адреси на дигитални паричник на Telegram и Twitter собрале 73.450 евра донации во последните шест месеци, според Elliptic.