Крис Мартин му го „уништи“ животот, но дали постои основа за тужба?

од Весна Петровска
60 прегледи

Поранешниот генерален директор на „Астрономер“, Енди Бајрон, размислува за покренување судска постапка против британскиот бенд „Колдплеј“, откако стана централен дел од виралниот скандал „бакнеж на камера“ што се случи на нивниот концерт во Бостон. Сепак, правните експерти велат дека неговите шанси за да ја добие оваа борба се речиси нула.

Според адвокатот Камрон Довлатшахи од „MSD Lawyers“, Енди Бајрон би можел да се обиде да поднесе тужба за клевета, но ќе мора да докаже дека аферата не постоела, што веројатно нема да може да го стори со оглед на фактот дека ниту тој ниту Кристин Кабот, со која бил „фатен“, не ги негирале тврдењата дека биле љубовници.

„Тужбата би била чист креативен обид. За да успее, Бајрон би морал да докаже дека коментарот на Крис Мартин не е вистинит и дека е направен со намера да предизвика штета“, објаснува Доулатшахи.

Што е со правото на приватност?

Некои се прашуваа дали снимањето на инцидентот ги прекршува законите за приватност, кои бараат согласност од двете страни за аудио снимање. Џулс Полонецки од Форумот за иднината на приватноста истакнува дека Бајрон немал разумно очекување за приватност.

„Тој момент беше снимен на многу јавен простор, а посетителите на концертот обично потпишуваат или прифаќаат услови што дозволуваат нивната слика да биде снимена и објавена за маркетиншки и медиумски цели при купување билети“, нагласува Полонецки.

Видео од концерт на Бајрон и Кабот како се гушкаат и танцуваат на музиката на Coldplay беше објавено од корисничката на ТикТок, Грејс Спрингер. Видеото има над 125 милиони прегледи, но адвокатите веруваат дека ниту Бајрон ниту Кабот не можат да ја тужат.

Иако не создава комерцијална содржина, Грејс Спрингер ужива заштита според Првиот амандман, бидејќи нејзината содржина се смета за „вести од јавен интерес“.

Прашањето е и што ќе се случи со Кристин Кабот, главен директор за човечки ресурси во „Астрономер“, која – заедно со Бајрон – е отпуштена. Според адвокатот Крег Вајнер од адвокатската канцеларија „Бланк Роум“, Кабот би можела да поднесе тужба против сопствениот работодавач и/или Бајрон, бидејќи тој е нејзин претпоставен.

Слични содржини