Кристерсон: Можно е поставување на нуклеарно оружје на шведска територија

од Milan1
156 прегледи

Шведскиот премиер Улф Кристерсон не ја исклучи можноста за поставување нуклеарно оружје на Соединетите Американски Држави на шведска територија во случај на војна.

Кристерсон во интервју за шведското радио „П1 Моргон“ одговара на прашање за Договорот за одбранбена соработка, за кој парламентот ќе гласа во јуни, а кој, меѓу другото, на САД и дава дозвола да користи 17 воени бази на шведската армија на нејзина територија, но во која не се споменува забраната за вклучување на нуклеарно оружје.

Шведската влада смета дека ваквото исклучување не е неопходно бидејќи веќе постои парламентарна одлука со која се забранува нуклеарно оружје на шведска територија во мирнодопски услови, пишува шведскиот портал Екпресен.

„Ако има војна на наша територија во која е вмешана Шведска, тогаш ситуацијата е сосема поинаква. Ако се случи најлошото, демократските земји во нашиот дел од светот, се разбира, мора да бидат способни да се одбранат од земјите кои би можеле да им се закануваат со нуклеарно оружје“, рече Кристерсон, пренесува „Танјуг“.

Тој додаде дека целта на членството во НАТО е да се избегне таква ситуација и оцени дека Русија немаше да ја нападне Украина доколку беше членка на Северноатлантската алијанса.

Слични содржини