Критиките за нејзината тежина ѝ ја нарушија самодовербата – Ѕвездата од хит серијата помина долг пат до среќата

од Весна Петровска
28 прегледи

Кетрин Хeјгл, ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“, сега отворено зборува за стандардите за убавина што се наметнуваат во индустријата, со посебен акцент на состојбата на умот од 90-тите.

Можете ли да ги замислите чувствата на адолесцентките кои се „бомбардирани“ со критики за својот изглед? Токму за ова зборуваше актерката Кетрин Хeјгл, потсетувајќи се како ѝ било кажано дека е „премногу дебела“ кога имала 16 години.

„Бизарно е. Холивуд е бизарен“, рекла актерката, потсетувајќи се како како тинејџерка-модел во 90-тите, а потоа и како ѕвезда во серијата „Вовед во анатомија“, постојано слушала критики што ѝ влегувале во глава и создавале негативен став кон сопственото тело.

Критиките доведоа и до создавање чувство на омраза кон сопственото тело, а актерката сака да ги спречи нејзините ќерки Нали и Адалајд да имаат слични искуства.

„Лесно е да дозволам мислењата и идеите на другите луѓе за тоа која сум или што треба да бидам, да влијаат на моите чувства за себе. Целиот мој живот се обидував да бидам претерано совршена и постојано не успевав затоа што никој не е совршен“, изјави Хeјгл за „Пипл“.

Патем, во 2008 година, Кетрин Хeјгл беше прогласена за најпосакувана жена според голема анкета на порталот AskMen.com, каде што го зазеде првото место на листата на Топ 99 најпосакувани жени. Една година претходно, во 2007 година, списанието People ја вклучи меѓу 100-те најубави луѓе во светот.