Кривична пријава доби Турчин поради злоупотреба на лични податоци

од Radmila Tasevska
163 прегледи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Е.(64), државјанин на Турција.

Лицето од Турција доби пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

– Пријавениот, на 18.05.2022 основал правно лице во Кичево за што во канцеларијата на адвокат од Кичево потпишал изјава за основање, каде навел дека седиштето на правното лице ќе биде на адреса на која сопственикот на станот немал дадено согласност и немал сознание дека адресата на која се наоѓа неговиот стан е употребена како седиште за правно лице, информираат од МВР.

Слични содржини