Кривична против 60-годишен вработен во Министерството за финансии

од Milan1
107 прегледи

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(60) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Тој, во својство на советник и овластен потписник на акти, вработен во Министерство за финансии, Управа за имотно – правни работи, искористувајќи постоечки уписни броеви од други баратели за приватизација на земјиште, свесно изработувал лажни исправи и решенија за приватизација на земјиште на други лица.

Со лажно изготвените решенија за приватизација на земјиште, пријавениот ја избегнувал законската процедура и не ги испраќал до Државното правобранителство, чекал 15 дена и по истекот на рокот од донесување на решенијата, истиот самоволно им втиснувал службен печат за правосилност и ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности Струга.

Слични содржини