Кривична против гостиварец кој потрошил над 2.000 евра од туѓа платежна картичка

од Radmila Tasevska
262 прегледи

Полицијата поднесе кривична пријава против Е.С.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.

„Во периодот од 30.12.2022 до 04.01.2023, пријавениот злоупотребил платежна картичка на едно лице и во неколку наврати од различни локации извршил плаќања во угостителски објекти и хотели во Гостивар, а воедно и подигнал парични средства од банкомати во градот во износ од 2.556 евра“, велат од МВР.

Слични содржини