262
Полицијата поднесе кривична пријава против Е.С.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.
„Во периодот од 30.12.2022 до 04.01.2023, пријавениот злоупотребил платежна картичка на едно лице и во неколку наврати од различни локации извршил плаќања во угостителски објекти и хотели во Гостивар, а воедно и подигнал парични средства од банкомати во градот во износ од 2.556 евра“, велат од МВР.