38
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(49) од с.Милетино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
– Во текот на 2023 и 2024 година, пријавениот како вработен во јавно општинско претпријатие вршел наплата во домови кај корисници во селата Милетино и Блаце, тетовско, а паричните средства не ги предал во благајната, туку ги присвоил за себe, информираат од МВР.