Кривокапиќ: Утре ме менуваат, тоа го договори Ѓукановиќ

од Milan1
332 прегледи

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ изјави дека утре ќе биде сменет од функцијата во Собранието и дека владата ќе падне. Тој ги повика граѓаните да не излегуваат на улица, но и да не гласаат за „оние кои нема да ги застапуваат вашите интереси“ на следните избори.

„Јасно ми е утре ќе биде сменет премиерот. Утре ќе се смени оваа влада. Но, вие нема и не можете да го промените овој народ. Тој е посилен од која било политика“, рече Кривокапиќ во своето обраќање до граѓаните.

Тој побара од граѓаните да не излегуваат на улица, велејќи дека „безбедноста на нас и нашите деца е поважна од сите игри и интереси“.

Кривокапиќ и се обрати на јавноста откако црногорските пратеници не го усвоија дневниот ред на седницата на која, меѓу другото, требаше да се донесе одлука за иницијативата за смена на вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Кривокапиќ побара разрешување на Абазовиќ откако коалицијата „Црно на бело“ (ГП УРА и ЦИВИС) и пратениците од опозицијата побараа да се изгласа недоверба на Владата, за што Собранието ќе гласа утре.

Премиерот на Црна Гора порача дека Абазовиќ „заедно со поразената ДПС треба да и изгласа недоверба на оваа влада“.

Поради денешната неуспешна седница тој ги обвини пратениците дека „со својот манипулативен пристап уште еднаш го спречиле премиерот да каже што било“.

„Деновиве се шпекулираше дека ќе поднесам оставка. Некои ме убедуваа дека тоа е најдобриот начин. Ви велам дека ништо не ми значи дали ќе бидам премиер денеска и еден ден повеќе. Сакам граѓаните да видат кој е кој во Црна Гора“, рече премиерот.

Тој додаде дека во петок ќе престане да биде премиер „бидејќи Мило Ѓукановиќ се договорил со дел од владејачката коалиција и дека на тој начин се нарушува изборната волја на граѓаните.

Тој рече дека владата не може да го преживее „нападот од внатре“.

Знаев дека овој напад ќе го започнат оние кои добија најмногу од оваа влада, кои најмалку работеа и направија најмногу врева“, рече Кривокапиќ.

Тој изјави и дека единствената политичка цел ја исполнил со донесување на Законот за слобода на вероисповед.

„Паднаа маските, кој сака да види може, кој не сака, не мора. „Јас сум сега сум само универзитетски професор“, рече тој.

 

Слични содржини