Војник на украинската национална гарда денеска од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при што уби пет лица, а рани уште пет, соопшти денеска украинската полиција.
Инцидентот се случил рано утринава во ракетната фабрика „Пивденмаш“ при предавање на оружјето на стражарите, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.
Напаѓачот отворил оган од калашников, а по инцидентот побегнал, пренесува Јутарњи лист.
„Пет лица загинаа, а пет други се ранети“, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
Полицијата трага по избеган војник, јавува Танјуг.
Нападот во Днепар се случува во време на голема тензија меѓу Русија и Украина. Руските трупи веќе некое време се позиционирани на границата со Украина, поради што многумина стравуваат од инвазија.