675
Најмалку 55 лица загинаа, а 155 се ранети во конфликт меѓу два сомалиски клана во градовите Абудвак и Херале во регионот Галмудуг, соопштија денеска здравствените власти.
Конфликтот меѓу клановите Дир и Марихан, кои претходно заедно се бореа против групата Ал Шабаб поврзана со терористичката група Ал Каеда, избувна во саботата поради спор околу пасиштата и местата за наводнување, изјави жител на Херала, пренесоа британските медиуми.
Тој рече дека државните сили пристигнале доцна и дека ситуацијата излегла од контрола. Конфликтот заврши откако армијата пристигна, изјавија локалните жители.