Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина

од Илинка Илиоска
206 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека ставовите на Киев биле земени предвид во завршното соопштение од самитот за мирот во Украина, што се одржа вчера и денеска во Швајцарија.

Кулеба во Бургеншток им изјави на новинарите дека изјавата е „балансирана“, според британските медиуми.

Украинскиот министер додаде дека на овој дводневен настан не се разговарало за алтернативни планови за мир

Слични содржини