Купил погрешен билет и освоил 2 милиони долари на лотарија

од Vladimir Zorba

Еден човек од Мичиген имал доста среќа на лотарија, откако работник на бензинска пумпа по грешка му продал добитнички билет, кој изнесувал два милиони долари, пишува Си-Ен-Ен.

Победникот, кој не сакал да биде објавено неговото име, застанал на бензинска пумпа во предградието на Детроит затоа што морал да менува пари за да ги напумпа гумите на возилото на неговата сопруга, објави лотаријата од Мичиген.

„Влегов да разменам пари и побарав билет од 10 долари за „Лаки 7“. Работникот по грешка ми го даде билетот од 20 долари“, изјави среќниот добитник.

„Тој понуди да го замени, но нешто ми рече да го задржам. Среќен сум што го направив тоа“, додаде тој.

57-годишникот се реши да ја земе наградата еднаш, па ќе добие 1,3 милиони долари наместо целата сума што би му била исплатена на рати.

Тој рече дека парите ќе ги искористи за да купи нова куќа, а остатокот ќе го остави настрана.

Слични содржини