Купила прстен на „канта“ пазар, а три децении подоцна заработила 500.000 евра

од Илинка Илиоска
4,9K прегледи

Сигурно барем еднаш во животот сте посетиле некој пазар каде се продаваат користени нешта и сте ја погледнале понудената стока очекувајќи да најдете нешто интересно или вредно.

Истото го мислела и Британката Дебра Годар кога пред 33 години ги посетила тезгите и пронашла убав „стаклен“ прстен кој и бил понуден за десет евра. Цената не била значајна, па решила да го купи.

Жената го оставила прстенот во фиока и целосно заборавила на него, но кога нејзината мајка наишла на финансиски проблеми во 2019 година, решила да посети златара и да го продаде.

Се надевала дека ќе добие најмалку 500 евра, а потоа го доживеала својот животен шок. Дебра, која инаку е хуманитарна работничка и била згрижувачка мајка на повеќе од 20 деца, била шокирана кога дознала дека се работи за скапоцен камен од 26,27 карати.

„Златарецот за малку ќе се онесвестеше. Ме праша: „Знаеш ли што е ова?“. Цела ноќ останав будна размислувајќи што да правам“, изјави Дебра.

На крајот решила и го однела прстенот во познатата аукциска куќа „Сотби“, каде што била потврдена неговата вредност, пренесува The Sun.

Наскоро била организирана аукција, а дијамантскиот прстен бил продаден за 500.000 евра.

„Ова беше добра карма“

„Излегува дека сум на совршениот пат. Беше како Дел Бој да му рече на Родни: „Овој пат следната година, ќе бидеме милионери“, рече таа, додавајќи дека верува дека тоа е добрата страна на кармата за сите лоши работи што се случуваат се случиле во животот на нејзиното семејство, мислејќи пред се на нејзината мајка, која некогаш била ограбена од апсолутно сите вредни работи од крадците.

По продажбата на прстенот и огромниот профит, Деби останала да живее во сопствен дом, но парите најмногу ги користела за патување и исполнување на желбите на нејзината мајка Џун Бојл (72).

Слични содржини