Курти бара од Калас сеопфатна истрага за масакрот на северот на Митровица пред 25 години

од Илинка Илиоска
19 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти упати писмо до високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас, во кое бара целосна и сеопфатна истрага за да се идентификуваат и гонат одговорните за масакрот во северниот дел на Митровица пред 25 години претходно.

Во писмото до Калас, Курти рече дека тие координирани напади имале за цел да ја променат демографијата во северниот дел на Митровица.

„Со оглед на овие факти, неопходна е сеопфатна истрага за да се идентификуваат и да се повикаат на одговорност оние кои стојат зад овие убиства, напади и насилни иселувања. Верувам дека на оваа итна работа ќе му го дадете вниманието што го заслужува. Соочувањето со оваа неправда не е само морална обврска, туку и клучен чекор кон вистинско помирување и траен мир“, се вели во писмото на Курти.

Слични содржини