Курти: Француско-германскиот план не е конечен договор

од Radmila Tasevska
134 прегледи

Премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти, изјави дека француско-германскиот предлог не бил наменет како предлог за конечен договор, туку како основен договор со кој се нормализираат односите меѓу Белград и Приштина.

Истовремено, Курти за Кљан Косова изјави дека планот предвидува „де факто признавање“.

„Не е наменет како предлог за конечен договор. Но, тоа е нормализација која сè уште не е завршена, бидејќи предвидува, можеме да кажеме, де факто признавање“, рече Курти.

Слични содржини