302
Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска изјави дека инвестирањето во армијата останува приоритет и дека создавањето „армија во полн капацитет“ е целта на неговиот кабинет.
На приемот на 180 нови припадници на таканаречените косовски безбедносни сили (КБС) во Урошевац, тој рече дека за тоа зборува зголемениот буџет на Министерството за одбрана, пренесува порталот „Зери“.
– Ова ја покажува нашата посветеност за подобрување на безбедноста и заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет. Ова ја покажува нашата посветеност за зачувување на мирот не само на Косово, туку и во целиот регион, рече Курти.