Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Владата на Косово и одбранбените институции ќе продолжат со подготовките, заедно со партнерите од НАТО, Косово во иднина да стане членка на Северноатлантската алијанса.
Курти ова го изјави 102 – Роуз-Рот семинар на Парламентарното собрание на НАТО, на тема „Евроатлантска интеграција на Западен Балкан: пролонгирани предизвици, нови реалности и идни перспективи“.
Тој рече дека Западен Балкан како регион со многу нерешени проблеми е чувствителен и во однос на политичката стабилност.
– НАТО е единствениот политички и воен сојузник кој има за цел да ги зачува достигнувањата на човечкото општество и напредните демократски вредности кои го имаат животот и развојот на човечкото суштество како центар на гравитација. Во оваа современа, безбедна и демократска средина, човечкото општество е предизвикано од повторното раѓање на старите, но не заборавени фашистички и хегемонистички идеи, рече Курти.
Курти изјави дека денес повеќе од кога било, земјите од НАТО мора да придонесат за кохезија и проширување на капацитетите, и додаде дека Косово е јасно настроена кон интеграција на евроатлантските структури.