Лајчак: Спроведувањето на Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина допрва треба да започне во суштина

од Илинка Илиоска
6 прегледи

Спроведувањето на Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина допрва суштински треба да започне, изјави денеска специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак по средбата на главните преговарачи во Брисел.

Делегацијата на Белград и на приштинската делегација, предводена од главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бисљими, најпрво имаа одвоени средби со Лајчак, а потоа одржаа и трилатерална средба.

„Денеска во Брисел бев домаќин на главните преговарачи на Косово и Србија. Разговаравме за спроведувањето на Охридскиот договор, кој допрва треба да започне во суштина. Разговаравме и за голем број важни прашања кои произлегуваат од минатите договори и се договоривме за следните чекори“, напиша Лајчак по средбата.

Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија беше објавен во февруари 2023 година, а во март Белград и Приштина се договорија за Анексот за спроведување, познат како Охридски договор.

Членот прв од Договорот вели дека страните меѓусебно ќе развиваат нормални, добрососедски односи засновани на еднакви права и „взаемно признавање на документи и национални симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински печати“.

Владата на Србија на 26 декември минатата година одлучи да дозволи слободно движење на сите возила од Косово на територијата на Србија, а од 2013 година ги признава косовските лични карти.

Српскиот претседател Александар Вучиќ при посетата на францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Србија исполнила три работи од Охридскиот договор.

„Имаше договор и сите разговаравме за тоа дека пред се мора да се исполни ЗСО, кое не е поместено од мртва точка, а Србија е од лични карти, таблички, т.н. на царински печати… сето тоа го исполнила“, рече тој.

Вицепремиерот на Косово и главен преговарач Бесник Бисљими денеска изјави дека на трипартитната средба одржана во Брисел нема резултати за напредок во нормализацијата на односите со Србија.

„Нема никакви резултати во однос на напредокот во нормализацијата на односите. „Србија сè уште инсистира на делумна имплементација, според идејата „ние правиме нешто, вие правите нешто“, рече тој по средбата.

Слични содржини