Лaјен: Украина има многу работа до членство во ЕУ

од Milan1
238 прегледи

На Украина и претстои многу работа како би се придружила кон ЕУ, но тој процес е почнат, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во интервју за телевизиската станица „Си-Ен-ЕН”.

„Многу е сторено, има уште работа за да се приближиме, но процесот е во тек”, рече таа.

Фон дер Лајен зборуваше за руската инвазија во Украина и изнесе мислење дека е потребна „силна и јасна истрага” за тоа дали руските сили извршиле воени злосторства во Украина.

Според неа, процесот на присоединување на Украина кон ЕУ ќе потрае, сепак потсетуваќи оти веќе некое време постои интензивна соработка на релација Брисел – Киев.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна упати барање до државите-членки на ЕУ за итен прием на Украина во Унијата, потпишувајќи ја апликацијата за членство.

 

Слични содржини