Лас Вегас забележа рекордни 5 дена по ред со температура над 46,1 степен

од Milan1
60 прегледи

Во Лас Вегас во американската држава Невада забележани се рекордни пет дена по ред со температура од 46,1 Целзиусови степени.

Во Лас Вегас во неделата се измерени 48,8 степени, што е рекордна температура досега забележана во тој град, објави Вашингтон Тајмс.

Во вторникот во тој град беа измерени 48,3 степени, со што беше срушен рекордот за 9 јули од 46,6 степени, забележан во 2021 година.

Слични содржини