Лавров: Инфраструктурата на НАТО во Централна Азија е неприфатлива

од Milan1
346 прегледи

Русија се противи на можното распоредување на воена инфраструктура на САД или НАТО во земјите од Централна Азија во соседството на Авганистан, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров го рече тоа во Тунсију, Кина, на третиот министерски состанок на соседите на Авганистан (Русија, Кина, Иран, Пакистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан).

Според него, плановите на НАТО и САД за распоредување инфраструктура, „или Авганистанци кои се во нивна служба, на територијата на соседните земји“, се спротивни на обврските што произлегуваат од статутот на документите на Организацијата на Договорот за колективна безбедност, (ОДКС).

Слични содржини