Крим и Севастопол се составен дел на Русија, тоа прашање е затворено, денеска изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по повод годишнината од обединувањето.
„Пред десет години – на 16 март 2014 година – жителите на Крим самостојно и свесно ја одредија својата иднина на референдум, одлучувајќи за обединување со Русија. Оваа одлука беше единствената правилна. Таа овозможи да се заштитат животот, честа и достоинството на жителите на Крим од налетот на русофобниот режим во Киев“, нагласи шефот на руската дипломатија.
Така, тие го реализираа своето право на самоопределување – целосно во согласност со Повелбата на ОН и Декларацијата за принципите на меѓународното право, рече Лавров.
„Сите добро се сеќаваме на таа ужасна пролет, кога неонацистите по крвавиот државен удар ја презедоа власта во Киев. Се сеќаваме и на озлогласените „возови за пријателство“ што идеолошките следбеници на Бандера ги испратија против жителите на полуостровот кои направија не сакаа да ги изневерат своите вредности, култура, историја и вековната традиција на нивните предци“, потсети министерот, додавајќи дека сите провокации само го зајакнаа убедувањето на жителите на Крим во исправноста на изборот.
Според него, во текот на изминатите години се надминати многу проблеми „наследени“ од Украина, се реализираат големи проекти кои придонесуваат за заживување и обновување на животот и инфраструктурата на полуостровот.
„На Крим строго се почитуваат правата на сите граѓани без исклучок, без оглед на националноста и јазичните преференции. Рускиот, украинскиот, кримско- татарскиот се државни јазици на Републиката, нивниот статус е заштитен со закон“,посочи Лавров.