Рускиот министер за надворешни работи пред средбата со неговиот кинески колега Ванг Ли рече дека Москва и Пекинг заедно создаваат пат кон „праведен светски поредок“.
Ова е прва посета на Лавров на Кина откако Русија ја започна инвазијата на Украина кон крајот на февруари.
Во видеото објавено од руското Министерство за надворешни работи пред средбата, Лавров рече дека светот „минува низ многу сериозна фаза во историјата на меѓународните односи“.
На крајот од тој процес, Лавров рече: „ние, заедно со вас (Кина) и нашите симпатизери, ќе се движиме кон мултиполарен, фер и демократски светски поредок.
За разлика од многу земји, Кина одби да ја осуди руската инвазија на Украина. Американските власти го обвинија Пекинг за „сигнализирање подготвеност“ да и помогне на Русија, воено и економски. Американскиот претседател Џо Бајден ја спореди руската инвазија на Украина со кинеското насилно задушување на студентските протести на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.
Кина и Русија се зближија во последните години. Рускиот претседател Владимир Путин беше присутен на свеченото отворање на Олимписките игри неколку недели пред почетокот на војната во Украина.