Лавров: Наполеон и Хитлер имаа за цел да ја освојат Европа, сега тоа го прават Американците

од Milan1
475 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржува прес-конференција на која присуствуваат и странски новинари.

Лавров соопшти дека денес ќе се одржат преговори.

„Сигурен сум дека нашите партнери од Западот ќе се смират и ќе бараат решение преку дијалог. Западот не треба да одлучува за нашата безбедност“, рече Лавров.

„Западот се обидува да ни ја наметне сопствената слика за иднината на Европа“, додаде тој

На прес-конференција Лавров ја спореди Америка со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.

„Америка им диктира на Германците што е добро за европската енергетска безбедност. Тие велат дека не им треба гасоводот Северен тек 2 и тврдат дека Америка ќе обезбеди енергетска безбедност, која е неколку пати поскапа“, рече Лавров.

„Наполеон и Хитлер имаа за цел да ја стават цела Европа под своја контрола. Сега Американците сакаат да го направат тоа“, рече тој.

„Во филмовите имате слика за апсолутно зло и апсолутно добро. Глобалната слика е слична. Верувам дека хистеријата ќе престане“, рече Лавров на прес-конференцијата на која одговара и на прашања од странски новинари.

Слични содржини