Лавров: НАТО шири хистерија

од Milan1
334 прегледи

Русија никогаш не му се заканувала на украинскиот народ и нема намера да ја нападне Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Женева.

-Русија никогаш не и се заканувала на Украина преку свои официјални претставници. Русија нема намера да ја нападне Украина и не исклучува дека целата хистерија што Западот ја крева околу Украина има за цел да ја прикрие политиката на Киев за саботирање на Минск-2. НАТО работи против Русија, истакна Лавров.

Шефот на руската дипломатија го повика Блинкен да го искористи своето влијание за да го „вразуми Киев”.

-Русија смета дека прашањето за Украина бара големо внимание, но тоа не може да се сведе на целата тема на европската безбедносна архитектура, рече Лавров.

Разговорот со американскиот државен секретар, според него, бил „корисен и искрен”.

Слични содржини