18
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Обединетите нации замижуваат пред ексцесите на украинските сили за време на упадот во руската област Курск.
Во интервју за ТАСС на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Лавров рече дека украинските „терористички групи“, како што наведе, користат западно оружје за напади на Курск во кои не прават разлика меѓу цели.
– На тој простор секојдневно бомбардираат куќи, социјални институции, мирни граѓани кои во своите автомобили се засолнуваат на побезбедни места. Не слушнав ниту еден глас од претставниците на ОН кои се одговорни за човековите права, вклучително и генералниот секретар, рече Лавров.
На 6 август, украинските сили започнаа напад врз областа Курск во Русија.