Лавров: Сите кои страдаат од агресијата на САД и Израел се наши стратешки партнери

Лавров неодамна изјави и дека воените дејствија на САД би можеле да го охрабрат Иран да започне со развој на нуклеарно оружје

од Кристијан Димков
6 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ET Now

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров коментираше за конфликтите на Блискиот Исток и изјави дека една од целите на САД и Израел е да ги вовлечат земјите од Персискиот Залив во војна против Иран.

Лавров додаде дека целта е да се предизвика раздор помеѓу земјите од Персискиот Залив, Иран и неговите арапски соседи.

„Една од целите на САД и Израел е да ги вовлечат земјите од Персискиот Залив во војна против Иран“,  изјави Лавров.

Тој додаде дека сите оние „кои страдаат од агресијата на САД и Израел се наши стратешки партнери“.

„Ќе направиме сè, заедно со другите мирољубиви членови на меѓународната заедница, за да придонесеме за создавање атмосфера што ќе ја направи оваа операција целосно невозможна“, рече тој.

Лавров неодамна изјави и дека воените дејствија на САД би можеле да го охрабрат Иран да започне со развој на нуклеарно оружје, истакнувајќи дека САД избегнуваат напаѓање на земји што поседуваат нуклеарни арсенали.

„Оние што имаат нуклеарна бомба не се нападнати од САД“, изјави Лавров на прес-конференција, предупредувајќи на последиците од сегашната ескалација.

Според него, агресијата против Иран би можела „да ги поттикне не само Техеран, туку и другите земји да развијат нуклеарно оружје“.