Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија сè уште не испраќа војници во источна Украина. Тој додаде дека ситуацијата е таква „засега“.
Ваквиот став го потврди и рускиот заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко.
Русија засега не планира да испрати војници во источна Украина, но ќе го стори тоа во случај на закана, изјави претставник на руското Министерство за надворешни работи откако парламентот во Москва ги ратификуваше договорите за соработка со украинските сепаратистички републики.
Заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко денеска изјави дека договорите вклучуваат обезбедување „воена помош”, но додаде дека треба да се избегнуваат „шпекулации” за распоредување војници.
-Засега никој не планира да испрати ништо никаде, доколку има закана, тогаш ќе обезбедиме помош во согласност со ратификуваните договори, рече Руденко.