Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека секоја западна закана за напад врз Русија е вознемирувачка.
„Секои напади што сега ни се закануваат… на пример, германскиот министер за одбрана кој изјави дека ќе „бидат подготвени да убијат руски војници“ или изјавите на лидерите на НАТО дека превентивно ќе го уништат регионот Калининград… испраќаат многу алармантни сигнали за тоа какви планови се прават во Брисел, во Берлин, па дури и во Париз и Лондон“, рече Лавров по разговорите со министерката за надворешни работи на Мозамбик, Марија Лукас.
Лавров рече дека европските земји спроведуваат пропаганда според која Русија наводно ќе ја нападне Европа и дека таа е претставена како „вечен непријател, егзистенцијална закана“, објави РИА Новости.
Тој истакна дека на овој начин вниманието на јавноста во европските земји се одвлекува од социјалните проблеми и економските неуспеси.
За потсетување, германскиот министер за одбрана Борис Писториус неодамна изјави дека германските војници „ќе бидат подготвени да убијат руски војници“ ако Москва нападне членка на НАТО.