Леброн по поразот: Јас не сум тој кој треба да го прашате

од Симе Стоиков
387 прегледи

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ги изрази своите впечатоци по поразот од Денвер Нагетс во НБА плеј-офот. Нагетс победија и во третиот меч со резултат 112:105 и поведоа со 3:0 во серијата. Тоа значи дека Лејкерси се пред елиминација.

Леброн постигна 26 поени со шест скока и девет асистенции, но тоа не беше доволно за неговата екипа да победи.

„Не знам, ова е плеј-оф, а ние сме професионалци. Треба да се чувствува нервоза и притисок, тоа е целата поента. Не знам како да одговорам на тоа прашање. Не знам, треба да прашате некои поединци, не можам да зборувам за тоа што чувствуваат другите играчи, немам телепатија“.

Со него на конференцијата беше и Ентони Дејвис.

„Тој и јас играме заедно шест години, бевме на врвот, блиску до врвот, одигравме многу натпревари, знаеме што е потребно за да победиме. Знаеме што значи да се земе титулата и за тоа треба да бидеш речиси совршен. Треба да ја играш најдобрата игра за да победиш. Не сум јас тој koj треба да го прашаate бидејќи немам мислење за луѓето кои не се трудат да бидат блиску до совршенството. На крајот на денот, тоа е само кошарка“.

Четвртиот дуел меѓу Лејкерс и Нагетс во Лос Анџелес е закажан за 28 април со времетраење од два часа и 30 минути.

Слични содржини