Лефков: Левица само купува време, а ние не даваме безусловна поддршка за етничката графа во личните карти

236 прегледи

Во своето гостување во 24 анализа, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков, посочи дека не е пружена безусловна поддршка за воведувањето на етничка графа во личните карти. Имено, опозициската партија, сака да се промени членот 6, и обвини дека Левица само му купува време на Зоран Заев.

„Точно е дека невообичаено е да стои етничка графа. Меѓутоа, поради сето она што се случи, кога Заев во надворешната политика го стави македонскиот народ во нерамноправна положба, ВМРО ДПМНЕ не даде безусловна поддршка, туку поднесовме амандман според член 6. Зошто Заев брза да исполни се, а не е исполнето ветувањето за влез во ЕУ. Левица пак, му купува време на Заев и во сите тие студии нема земја во светот кадешто е сменет идентитетот на земјата на присилен начин“, истакна Лефков.

Слични содржини