217
Во своето гостување во 24 анализа, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков, посочи дека не е пружена безусловна поддршка за воведувањето на етничка графа во личните карти. Имено, опозициската партија, сака да се промени членот 6, и обвини дека Левица само му купува време на Зоран Заев.
„Се сложувам дека ако имаме дискриминација проблемот лежи во институциите, а не во документите. Бидејќи и по јазикот употребен во личните документи, можеме да направиме етничка определба. Впрочем ние се соочуваме со потпишувањето на штетните договори и нивната примена, што е поголема дискриминација од сево ова“, истакна Лефков.