Лекар од тетовската болница и двајца адвокати се осомничени дека организирале во шема за извлекување пари од осигурителни компании преку фалсификување медицински извештаи. Уште осуммина се осомничени за помагање.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(52) – лекар во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување на службена исправа“ и „помагање“ во врска со „измама“, против Д.К.(35) и Н.Д.(34), двајцата адвокати, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „помагање“ во врска со „измама“, против А.Љ.(30), Б.Ф.(25), Н.А.(42), М.Д.(39), Т.Љ.(27), Т.М.(27), Б.Д.(29), С.Д. (21) сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „измама“, велат од МВР.