Леклер казнет со три позиции за трката во Австрија

од Vladimir Zorba

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, во недела ќе ја започне трката за Големата награда на Австрија од 14-та позиција, откако беше казнет со три позиции.

Леклер имаше лоши квалификации. Отпрвин не успеа да го мине Q3, што го oстави на 11-то место, а сега дојде до казна и преместување на 14-то место на стартот.

Леклер беше казнет за попречување на Данил Квјат во текот на вториот дел од квалификациите.

Пол-позиција ја зазеде Луис Хамилтон, а меѓу петте најбрзи во квалификациите беа Макс Верстапен, Карлос Сајнц, Валтери Ботас и Естебан Окон.

Слични содржини