„Лесја Украинка“ со апели за собирање на хуманитарната помош

од Маја Анчевска
231 прегледи

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ и Меѓународниот штаб за помош на Украинците во врска со настанатата хуманитарна катастрофа во Украина упати апели за собирање на хуманитарната помош.

Поставен е и шатор на Плоштад Македонија во Скопје. Пунктовите на собирање на хуманитарна помош за Украина се отворени во: Магацин на компанија “Кодинг Горска” на адреса: Ѓорче Петров, ул. Шарпланина бр. 4 * секој работен ден од 10:00 до 19:00 часот * сабота од 10:00 до 14:00 Шаторот за собирање на хуманитарна помош на Плоштад Македонија во центарот на Скопје * секој ден од 8.00 до 20.00 Секоја помош е добредојдена!, велат организаторите.