339
Летонија најави „затворање” на земјата од 21 октомври до 15 ноември во обид да го забави растот на инфекции на коронавирус. Продавниците, рестораните, училиштата, забавните и културните локации ќе бидат затворени за време на „локдаунот”. Ќе работат само објекти за услуги од примарно значење. После тоа, „заклучувањето” ќе се ублажи само за вакцинирани, изјави министерот за здравство Даниел Павлјутис по вонредниот состанок на владата.
– Нашиот здравствен систем е во опасност, рече премиерот Артурс Кришјанис Каринш, наведувајќи го ниското ниво на вакцинација во земјата како причина за зголемените хоспитализации. Во Летонија, стапката на вакцинација е една од најниските во Европската унија.