72
Јужнокорејскиот производител LG Electronics прикажа во Лас Вегас нов телевизор- “тапет” со рамен екран, наречен “W”, во пресрет на официјалното отворање на годишното Consumer Electronics Show. Телевизорот “W” (од wallpaper и window – тапет, прозорец на англ.) е дебел само 2,57 милиметри и има дијагонала на екранот 65 инчи.